Елитните единици на италијанската војска во служба на претседателот отсега ќе се возат со специјално опремен Moto Guzzi California.
Корациери, како што се нарекува елитната воена единица и почесна гарда на претседателот на Италија, отсега ќе се вози со Moto Guzzi California 1400 Touring. Директорите на концернот Piaggio, на когошто му припаѓа легендарната италијанска марка мотоцикли, свечено ги предадоа 20-те специјално опремени примероци од „1400 Touring“ при посетата на претседателската резиденција Палацо дел Квирлинале во Рим.

















