Renault Espace ќе вози за Мајските Оперски Вечери

Renault повторно е активен во поддршката на културната сцена и го обезбедува превозот за оперските ѕвезди на овогодишните Мајски Оперски Вечери.

Ѕвездите на најзначајната манифестација од областа на оперската уметност во Македонија, Мајските Оперски Вечери, годинава ќе го имаат задоволството да патуваат до саканите дестинации со новата генерација на Renault Espace. Компанијата Аутомотив Груп низ минатите години изгради препознатлив имиџ на подржувач на филмската и музичката уметност во државата, верно на традицијата што марката Renault ја почитува на глобално ниво, вклучувајќи го секако и Фестивалот на филмот во Кан.

renault MOV cencic_1Пристигањето на светски познатиот контратенор Макс Емануел Ценчиќ со новиот Espace, го одбележа стартот на годинешната соработка на Renault со Мајските Оперски Вечери. Како што посочуваат од компанијата „основни карактеристики на новиот Espace се комфорно димензионирана и флексибилна внатрешност, со врвна и најсовремена технологија.“

Аутомотив Груп ќе го искористи своето присуство на манифестацијата, за на јавноста да ѝ ја претстави и новата генерација на моделот Megane, којшто ќе биде изложен во Македонската Опера и Балет.

Претходна објаваBMW со сервисен повик за 120.000 возила во САД поради дефект на воздушни перници
Следна објаваПет користени теренци за 5000 евра што заслужуваат препорака

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here