Во следните пет години, Peugeot ќе ја прошири понудата со голем број нови модели со електричен и хибриден погон. Од тоа ќе профитираат и другите марки во француската групација.
Групацијата PSA ја најави новата стратегија за воведување на електричниот погон во понудата на модели од своите три марки Peugeot, Citroen и DS. Обете модуларни платформи коишто во моментов служат како основа за изведување на целата моделска понуда на групацијата, во иднина ќе бидат приспособени за вградување на плагин-хибриден и електричен погон. Првите модели со електрифицирана погонска спрега ќе се појават на пазарот веќе во 2019 година.
Француската групација стратешки го распределува електричниот погон за моделите од градската класа, а хибридниот погон за моделите од повисоките класи. Градските автомобили, компактните лимузини и малечките кросовери кои се базираат на заедничката модуларна платформа CMP ќе добијат верзии со електричен погон, со досег до 450 километри и брзо полнење, коешто ги освежува батериите со енергија за 12 километри со секоја минута на полнач.
Новиот електричен автомобил следи во 2019 година на местото на Peugeot iOn
Според последново, батериите би ја достигнале целосната наполнетост за најавениот досег за помалку од четириесет минути. Четири електрични модели следуваат до 2021 година, првиот од нив доаѓа веќе во 2019 година. Покрај Peugeot, Citroen и DS, електричен модел ќе добие и кинескиот партнер Dongfeng Motors, кој воедно и инвестираше во развојот на платформата CMP.
Овие модели ќе располагаат со електромотор со моќност од 115 КС, полнач од 7 киловати и батерија со капацитет од 50 киловатчасови. Крајната брзина ќе изнесува 150 километри на час.
https://youtu.be/rlj944NM6YE
Втората платформа на PSA е наменета за моделите од компакт класата и за повисоките класи. EMP2-платформата, којашто доживеа премиера во актуелниот Peugeot 308 пред три години, ќе послужи како основа за изведување на модели со плагин-хибриден погон. Дизел-хибридот во моделите Hybrid4 дефинитивно заминува во историјата, неговото место ќе го пополни нормален хибрид во комбинација со бензински мотор и плагин-технологија за надворешно полнење на батериите.
По еден електромотор од 109 КС за обете оски плус бензинец со 200 КС
Хибридот ќе се понуди прво во спортските теренци и кросоверите базирани на платормата EMP2, со електромотор за задната оска и досег до 60 километри при возење на струја. Како што ветува францускиот производител, дури седум модели со хибриден погон ќе пристигаат во овие сегменти во периодот меѓу 2019 и 2021 година.
https://youtu.be/fDdSB55gnYE
На задната оска ќе биде вграден електромотор со 109 КС, додека напред ќе работи бензинец во дијапазон на моќност меѓу 150 и 200 КС, во комбинација со електромотор со 109 КС. Во погонската спрега ќе биде вклучен автоматски менувач со 8 степени. Батеријата во хибридните модели ќе располага со капацитет од 13 киловатчасови, со полнач од 3,3 киловати задолжен за нејзино полнење.
[FAG id=24470]
















