Спортската марка Lotus одбележува половина век на фабриката во Хетел со специјалната серија Evora 400 Hethel Edition. Славенична е и цената на моделот што ќе се испорача во ограничен број примероци.
Значајните јубилеи се одбележуваат со значајни модели. Lotus ја одбележува педесетгодишнината на славната фабрика во Хетел со специјална серија Evora 400 Hethel Edition. Моделот е достапен во три ексклузивни бои, ја има и задолжителната плочка со бројот на возилото во ограничената серија, а со тежината од 1.395 килограми докажува дека легендарната британска марка и натаму го почитува својот основен принцип – малку килограми, многу коњски сили.
Evora 400 Hethel Edition е прв во серијата модели со коишто ќе се одбележи големиот јубилеј на Lotus, откако основачот Колин Чепмен, во 1966 година реши да ја пресели својата „работилница“ во наменска фабрика во британскиот Хетел. Оттогаш, секој примерок на Lotus излегува рачно изработен од овие погони.
Evora 400 Hethel Edition е прв во серијата модели за јубилејот на фабриката
Специјалната серија се препознава по екскузивните бои од тркачката историја на Lotus и достапна е во есекс-сина, мотоспорт-црна и тркачки зелена боја, во комбинација со ентериер во црна или црвена кожа, односно алкантара, зависно од бојата на каросеријата. Кованите бандажи се изработени со сребрен финиш, а зад нив се сопирачки клешти во контрастна боја со каросеријата. Изработката на деталите е во режија на Lotus Exclusive, како одделение што е задолжено да излезе во пресрет на сите барања на клиентите.
We're marking 50 years @ Hethel with a special Evora 400#Lotus #Evora #Norfolk #Britain https://t.co/7qLdocNx5p pic.twitter.com/i9id7BKmRY
— Lotus Cars (@lotuscars) May 12, 2016
Суштинските промени остануваат невидливи за погледот, но затоа сосема добро ќе се почувствуваат во возење. Hethel Edition е за 42 килограми полесен од првата варијанта на Evora 400, со што може да забрза до сто за 4,2 секунди и да постигне крајна брзина од точно 30- километри на час. Времето на круг на славната тест-патека во Норфолк изнесува 1 минута и 31 секунди.
Повеќе од две третини од компонентите на стандардната Lotus Evora 400 се модифицирани или сменети, вклучувајќи го и 3,5-литарскиот мотор V6, со механички компресор и интеркулер. Зад седиштата стојат на располагање 406 КС и 410 њутнметри. Паралелно се извршени и модификации во алуминиумското подвозје, со цел за зголемување на торзиската цврстина и намалување на тежината.
Двојно зголемен потисокот: 32 килограми при 240 километри на час
Се работело и на аеродинамиката на каросеријата од композитни материјали, на рамниот под, на приспособливиот заден дифузор и триделниот заден спојлер. Потисокот е зголемен речиси двојно во споредба со претходникот, со 32 килограми при 240 km/h. Композитните дводелни сопирачки дискови од AP Racing, со пречник од 370 милиметри и торсен-диференцијалот следуваат како стандард, исто како и автоматски клима-уред и сателитска навигација.
Техничарите од Хетел уште еднаш се покажуваат како перфекционисти со зафатите во менувачот, заради подобрување на прецизноста и брзината на менување на степените. На возачот му стои на располагање и Dynamic Performance Management, со спортски и тркачки модус, кои соодветно ја менуваат реакцијата на гасот и чувствителноста на контролата на тракцијата, оставајќи му повеќе работа на возачот.
Ентериерот е комплетно преработен, со печат на рачно изработен автомобил и примена на алкантара и кожа каде што е можно, со преместени прекинувачи во кокпитот, повеќе простор за и пошироки седишта за патниците назад. Ниту цената не заостанува со ексклузивноста: 75.000 фунти.
[FAG id=24300]
















