Последниот 275 GTS ќе биде најскап Ferrari на продажба годинава

Колекционерите се подготвуваат за наддавањето на скапоцени олдтајмери што ќе се одржи во Монако на 14-ти мај. Меѓу стоте возила ќе се најде и исклучително редок модел на Ferrari, со потенцијал да постави нов рекорд.

Водечката аукциска куќа за колекционерски олдтајмери, RM Rotheby’s, на наддавањето во Монако на 14-ти мај ќе го понуди исклучително реткиот Ferrari 275 GTS/4 Nart Spider од 1968 година. Еднодневното наддавање ќе се одржи за време на трката за големата награда во формула 1, со над сто скапоцени олдтајмери.

Примерокот на 275 GTS/4 Nart Spider од 1968 година со број на шасија 11057 е еден од најважните модели во историјата на Ferrari, меѓу другото и поради тоа што е многу поредок од кој било друг модел од Маранело. Само десет примероци се произведени во 1968 година, во соработката меѓу американскиот увозник Луиџи Кинети и Енцо Ферари, во чест на победата на тркачкиот тим на Кинети. Моделот стекна уште поголема популарност откако Стив Меквин, во улогата на Томас Краун, се појави на филмското платно со примерок од оваа ретка серија.

Ако Ferrari е прв избор на автомобилските ентузијасти, тогаш Nart Spider е прв избор на ентузијастите на Ferrari
Ако Ferrari е прв избор на автомобилските ентузијасти, тогаш Nart Spider е прв избор на ентузијастите на Ferrari

Возилото што ќе се појави на наддавањето е последно изработено во серијата од десет примероци, единствен што од фабрика е испорачан на европскиот пазар и трет од последната серија на сите моделски изведби на Ferrari 275. Темноцрвената металик боја на каросеријата и внатрешноста во беж боја прават совршена комбинација со моторот V12 со 330 КС. Почетната цена на 275 GTS/4 Nart Spider на наддавањето се очекува да изнесува најмалку 19 милиони евра, со што тој ќе биде еден од најскапите автомобили планирани да се понудат на наддавање годинава.

Дури 21 автомобил од италијанската марка, вклучувајќи го и 275 Nart Spider, ќе се понудат на наддавањето во Монако. Меѓу поважните е Ferrari 212 Inter Cabriolet од 1952 година, како еден од четирите примероци со каросерија од Vignale и со очекувана почетна цена меѓу 1,25 и 1,5 милион евра. Уште еден примерок со мотор V12 е Ferrari 365 GTS/4 Daytona Spider, со вредност меѓу 2,4 и 2,8 милиони евра.

Меѓу останатите вредни примероци на наддавањето во Монако ќе се најдат уште:

  • Луксузен глисер Riva Ferrari 32 од 1990 година (€180.000 – €220.000)
  • Ferrari 340 America Barchetta од 1951 година (€7.500.000)
  • Porsche 911 GT1 Evolution од 1997 година (€2.700.000 – €3.000.000)
  • Peugeot 908 HDi FAP Le Mans Prototype, второпласиран на Леман во 2008 година, со Џак Вилнев, Николас Манасијан и Марк Хене (€1.200.000 – €1.600.000)

Претходна објаваJaguar работи на нова генерација шестцилиндарски мотори
Следна објаваКинеските автомобили не поминаа кај европските купувачи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here