Мото-марката MV Agusta ниту Mercedes повеќе не ја спасува

За култната италијанска марка MV Agusta уште не се наоѓа излез од кризата. Mercedes-AMG поседува дел од акциите, но нема план да инвестира дополнително, поради големата загуба на мото-марката.

Учеството на спортската подмарка на Mercedes во италијанскиот производител на мотоцикли MV Agusta ги чини Германците скапо. Во актуелниот деловен извештај на Daimler стои загуба од 23 милиони евра за италијанската марка. Mercedes-AMG учествува со 25 проценти во акциите на MV Agusta, што значи дека оваа загуба му носи товар од околу шест милиони евра.

MV Agusta неодамна поднесе барање за поведување претстечајна постапка. Mercedes-AMG сепак не планира да го зголемува својот удел во италијанската марка и да ги покрива нејзините загуби. Спортската марка на Mercedes инвестираше десетици милиони евра во акции во италијанската фирма во октомври 2014. Според локалните медиуми, MV Agusta им должи 40 милиони евра на банките и добавувачите.

Претходна објаваFord GT се купува само со кандидатура – и со 500.000 евра
Следна објаваKoenigsegg се враќа на Нирбургринг да постави нов рекорд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here