Пред 125 години Берта Бенц го направи првото патување со автомобил

Уште рано изутрина отмената дама појде во авантура што ја промени светската историја. Берта Бенц, сопругата на таткото на автомобилот Карл Бенц, го направи првото патување со автомобил.

Патувањето почна во Манхајм и заврши во Пфорцхајм, родниот град на Берта Бенц. Оваа рута долга 106 километри беше полна со неизвесности и предизвици кои што бараа голема храброст од пионерите на автомобилизмот. Но, напорот се исплатеше, затоа што Patent Motorwagen, официјалното име на возилото, издржа без проблем и докажа дека со него може да се совладуваат и подолги релации.

Музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт, во периодот од 2-ри до 4-ти август ќе ја одбележи 125-годишнината од авантуристичкото патување со посебна изложба. Врв на музејската програма е можноста за возење во Patent-Motorwagen, односно „патентираното моторно возило“ и средба со Јута Бенц, правнука на Берта Бенц.

Претходна објаваКултната марка TVR се враќа со нови модели
Следна објаваШто треба да содржи патната апотека?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here