Купе-теренец на Mazda пристига на салонот во Пекинг

Mazda ја потврди премиерата на новиот CX-4 за салонот во Кина и објави само детал од изгледот на идниот купе-теренец. Но, и тоа е сосема доволно да се заклучи дека новиот модел е реализација на студијата Koeru.

Mazda планира да ја одржува неизвесноста околу изгледот на новиот теренец CX-4 до неговата премиера на салонот во Пекинг на крајот на април и засега објави фотографија на којашто се гледа само детал од изгледот на задниот дел од возилото. Но, овој автомобил веќе претходно се има појавено во јавноста, во форма на студијата Koeru.

Официјалната фотографија открива само детал од идниот CX-4
Официјалната фотографија открива само детал од идниот CX-4

Купе-теренците очигледно наидуваат на одличен прием кај публиката, откако BMW прв го проби ледот со X6, по кого следеше и Mercedes со GLE Coupe. Една класа подолу, првиот чекор исто така го направи BMW со купе-теренецот X4, за наскоро да следи и GLC Coupe. Сега во ова премиум-друштво ќе се вмеша и Mazda, со сериската верзија на модел базиран врз изгледот на студијата Koeru.

CX-4 ќе биде прикажан премиерно на салонот во Пекинг, но засега уште отсуствува потврда дали Mazda планира да го понуди моделот и на европскиот пазар. За тука Јапонците го имаат во план и CX-6, којшто сигурно ќе се раководи според изгледот на помалиот брат. Студијата Koeru е долга 4,60 метри и висока само 1,5 метар, додека меѓускиното растојание изнесува 2,70 метри.

Претходна објаваОвој четиритонски Mercedes и буквално е замок на тркала
Следна објаваКаросериска работилница прави нов Porsche да изгледа како стар Porsche

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here