Теренецот F-Pace ќе стане најпродаван модел на Jaguar?

Тоа што веќе им се случува на спортските марки Porsche и BMW, теренците да се продаваат повеќе од „стандардните“ модели, наскоро може да стане реалност и кај Jaguar, со стартот на продажбата на F-Pace.

Пазарот веќе со години не може да се насити со спортски теренци и кросовери. Модел од овој сегмент повеќе не смее да недостига кај ниту еден производител, па дури и кога неговото воведување удира директно по имиџот на марката. Но, се чини дека тоа никому не пречи. Напротив. Porsche денес продава повеќе примероци од Cayenne и од Macan, отколку од спортските купеа, кабриолети и родстери. Марката од Цуфенхаузен во меѓувреме продава над 200.000 возила годишно, бројка што немаше да ја достигне без присуството на спортските теренци во понудата.

jaguar f-pace 01 (2)Истото е случај и кај BMW, со цела гама спортски теренци, почнувајќи од најмалиот X1 до купе-теренецот X6, кои во голем дел придонесуваат Баварците да го држат првото место во премиум сегментот веќе деценија наназад. Mercedes напредува со фантастично темпо, благодарејќи меѓу другото и на дополнувањето и освежувањето на понудата од спортски теренци, суперлуксузната марка Bentley не може да произведе доволно примероци од Bentayga, конкурентот Rolls-Royce подготвува модел, Maserati штотуку го претстави Levante на салонот во Женева…

Наскоро и Jaguar ќе стартува со продажба на спортскиот теренец F-Pace. Според примените нарачки, дилерите јавуваат фантастичен интерес за „долгоногиот“ модел изработен врз платформата на лимузината XE. Со изглед што го следи дизајнерското начело на марката и го надградува во правецот што ги привлекува купувачите, на F-Pace не му преостанува друго освен да го преземе приматот во продажбата на Jaguar.

jaguar f-pace 01 (4)Понудата од мотори ја сочинуваат дволитарски дизел со 180 КС во комбинација со заден погон и погон на сите тркала, трилитарски дизел со 300 КС, бензинец од два литри со 240 КС во верзија со заден погон и трилитарски бензинец со 380 КС. Jaguar F-Pace ќе го бара своето место во силната конурентска битка, со комбинацијата од спортски возни својства и практичност во секојдневието.

Со ценовник што за британскиот пазар стартува од 34.710 фунти, односно околу 45.000 евра, F-Pace ќе се бори против BMX X3, Audi Q5 и Mercedes GLK. Иако каросеријата е скроена спортски, кабината на F-Pace е меѓу најголемите во класата, со меѓуоскино растојание од 2,87 метри и багажник со зафатнина од 650 литри. Во меѓувреме почнуваат шпекулации дека Jaguar подготвува и модел од повисоката класа.

Претходна објаваВизија на BMW за некогаш во следните сто години
Следна објаваPorsche ја откажа соработката со Шарапова по допинг-скандалот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here