Екс „фераристот“ Стефано Доменикали е новиот шеф на Lamborghini

Поранешниот шеф на тимот на Ferrari во формула 1 го заменува Штефан Винкелман како прв човек на Lamborghini.

Од средината на март, шефовското место во Lamborghini го презема Стефано Доменикали. Италијанецот доаѓа на местото на Штефан Винкелман, кој во изминатите единаесет години раководеше со спортската марка и во иднина ќе биде одговорен за Quattro GbmH, одделението на Audi што е специјализирано за спортските модели S и RS.

Во изминатите единаесет години, Винкелман успеа да го развие Lamborghini во водечки производител на спортски автомобили во светот. Руперт Штадлер, првиот човек на Audi, во чија што групација марки спаѓа Lamborghini е убеден дека наследникот на Винкелман, кој исто така поседува исклучително искуство на ова поле, „ќе го продолжи успехот“.

Еден од најголемите предизвици за новиот шеф Доменикали ќе биде комперцијализацијата на Lamborghini Urus
Еден од најголемите предизвици за новиот шеф Доменикали ќе биде комерцијализацијата на спортскиот теренец Lamborghini Urus

Педесетгодишниот Доменикали има завршено студии на Универзитетот во Болоња и почна да работи за Ferrari во 1991 година. Тој стана спортски директор на тимот на Ferrari во формула 1 во 2002 година , за од 2007 година да го замени Жан Тод како шеф на тимот. Во април 2014 година, Доменикали ја презеде одговорноста за слабиот старт на Ferrari во новата сезона и се повлече од функцијата. По неговиот ангажман како шеф во комисијата на FIA, во ноември 2014 година Италијанецот прејде во Lamborghini, кадешто беше задолжен за развој на нови деловни полиња во подрачјето на услужните дејности и мобилноста.

Lamborghini стана дел од Audi во 1998 година. Марката основана од производителот на трактори Феручио Ламборгини има бурна историја. Во 1970-те години, спортската марка смени неколку сопственици, падна под стечај, а во еден период беше и дел од Chrysler. По спектакуларните модели како Miura и Countach, марката од Сант Агата Болоњезе имаше помалку успешни креации, меѓу кои и Urraco, замислен како конкурент за Porsche 911 во 1970-те години. Актуелната моделска понуда се состои од Aventador и Huracan. Во минатиот септември, Lamborghini потврди дека ќе развие сериски модел врз основа на студијата на спортски теренец Urus.

Претходна објаваТри варијанти на Bentley Mulsanne за Женева
Следна објаваNissan се испробува во улога на италијански дизајнер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here