Bosch и Mitsubishi соработуваат на новата генерација батерии

Добавувачкиот гигант Bosch, марката Mitsubishi и јапонското претпријатие GS Yuasa заеднички ќе развиваат нова генерација на литиум јонски батерии.

Цел на развојот е преку интелигентно управување со работата на ќелиите и со напредок во електрохемијата и материјалите да се постигне значително зголемување на енергетската густина на батерите. На тој начин се намалува тежината и потребата од простор, а се зголемува досегот на возилата со погон на струја.

Покрај тоа, трите претпријатија планираат да основаат заедничко претпријатие за истражување и развој, како и меѓусебна поддршка во продажбата и маркетингот. Како седиште на претпријатието се планира Штутгарт, а почетокот на активностите е поставен за почетокот на 2014 година. Bosch ќе учествува во заедничкото претпријатие со 50 проценти, а GS Yuasa и Mitsubishi со по 25 проценти.

Претходна објаваJaguar Land Rover отвори нов центар за развој во Дубаи
Следна објаваКафето ја намалува опасноста од незгода

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here