Формула Е за в година најавува трки со „самовозечки“ болиди

Организаторите на електричната формула Е планираат в година да доведат дополнителен шампионат со возила што се тркаат без возач зад воланот. „Роборејс“ може да биде вистински спектакл.

Замислете тркачки шампионат во кој нема трансфери на возачи, нема преплатени договори, нема навредливи објави преку социјалните медиуми, нема скандали, нема жешки дуели на конференциите за медиуми и нема дуели меѓу возачи од исти тимови. Така би изгледал шампионат во формула, без пилоти. Без возачи зад воланот. Организаторите на Формула Е за в година размислуваат да воведат втор шампионат без возачи. Планот е „Роборејс“ да се одржува пред трките во Формула Е, што значи на истите патеки каде се возат и електричните формули. Во шампионатот на роботи-автомобили би се натпреварувале десет тимови со по два автомобила.

Шефот на Формула 1, Алехандро Агаг, воопшто не претерува во оцените дека тоа ќе биде „една од највозбудливите спортски манифестации во историјата“. Болидите ќе користат вештачка интелигенција за самите да се „управуваат“ по тркачката патека. Технологијата е веќе созреана и чека старт за воведување во автомобилите од сериско производство веќе пред крајот на оваа декада. Агаг: „Роборејс е отворен шампионат за најиновативните претпријатија од науката и техниката во светот.“

Интерес за учество во шампионатот би имале големите производители на автомобили, но и технолошките гиганти, како Google или Apple. Во Формула Е веќе учествуваат Audi, BMW, Citroen и Renault, на кои до завршетокот на актуелната сезона 2015/2016 им преостануваат уште трките во Лонг Бич, Пекинг, Берлин, Москва, Мексико Сити, Париз и Лондон.

Претходна објаваГром од темното небо: Дизелот на Volkswagen Golf најчист на тестот на auto motor und sport
Следна објаваВреме е за зимска подготовка на автомобилот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here