Фабриките на Mercedes претесни, GLC од 2017 ќе се произведува и во Финска

Поради големиот пазарен интерес за GLC, од 2017 година Mercedes ќе го произведува компактниот теренец и во фабриката на Valmet во Финска. Порастот во продажбата на овој модел изнесува 26 проценти.

Сопствените производствени капацитети на Mercedes станаа претесни за покривање на побарувачката за возила од марката. Од 2017 година, новиот компактен теренец Mercedes GLC ќе се произведува дополнително во погоните на Valmet во финскиот Усикаупунки. Наследникот на GLK почна да се произведува во фабриката во Бремен во јуни. Само во октомври, светската побарувачка за теренските модели на Mercedes се зголеми за 26 проценти, на вкупно 47.000 примероци. Најголемата заслуга за тоа ја има токму GLC. Марката од Штутгарт годинава ги освежи и моделските серии GLE (ML) и GLS (GL), а премиерно го воведе и купе теренецот GLE Coupe.

Valmet Automotive произведува дополнителна серија од класата А на Mercedes уште од 2013 година. До почетокот на следната година вкупната продукција на компактниот модел во Финска ќе достигне 100.000 примероци. Слични бројки се очекуваат и од GLC.

Претходна објаваОфицијално од Volkswagen: Волфсбург ги има решенијата за дизел моторите EA189
Следна објаваRenault ги објави цените за новиот Megane за францускиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here