Мостот преку заливот Чесапик им предизвикува толку страв на некои американски возачи, што тие се подготвени да платат 25 долар за некој во нивното сопствено возило да ги превезе преку мостот. Бизнисот цвета.
Мостот преку заливот Чесапик во американската сојузна држава Мериленд важи како еден од најстрашните мостови во земјата поради висината, малата ширина, ниските огради и ветриштата што постојано дуваат на мостот. Овој мост во должина од неполни седум километри ги спојува аграрно ориентираниот Исток со урбаниот Запад на Мериленд и претставува составен дел од секојдневното патување до работа за многумина Американци, но и кошмар.
Некои возачи толку стравуваат да возат преку мостот, што не се со состојба сами да седнат зад воланот на сопствениот автомобил. Како и за сé друго во Америка, решение постои. Повеќе фирми се специјализирани за превоз преку мостот. Зошто луѓето едноставно не повикаат такси? Затоа што е поевтино за 25 долари да ве пречека човек пред мостот, да седне зад воланот на вашиот сопствен автомобил и да ве превезе преку најстрашниот мост во Америка!
Бизнисот секако дека цвета. Фирми што постојат четири или пет години досега имаат „превезено“ над 10.000 патници во нивните сопствени автомобили.
















