Најбрзите модели на Ford во иднина ќе возат со гуми Michelin. Францускиот производител ќе ги испорачува своите гуми и за суперспортскиот Ford GT, за неговото враќање во Леман.
Моделите од „перформанс-одделението“ на Ford во иднина ќе излегуваат од фабрика со гуми од Michelin. Соработката со францускиот производител се однесува на моделите Fiesta ST, Focus ST, Focus RS, Mustang Shelby GT 350 и GT 350R, пикапот F-150 Raptor и суперспортскиот Ford GT. Michelin ќе ги снабдува со гуми и тркачките возила на Ford на 24-часовната трка во Леман, во идниот јуни. Ford ќе стартува на легендарната трка со новиот GT, по точно 50 години откако Ford GT 40 постигна трикратна победа на Леман и триумифираше и во следните три години.
















