Осум новитети на Honda за салонот на мотоцикли во Милано

Штандот на Honda на салонот Eicma во Милано ќе биде во знак на европската премиера на мотоциклистичката икона Africa Twin. Петстотките и триото 750-ки имаат неколку значајни измени за 2016 година.

Honda денес го објави списокот на експонати за салонот Eicma во Милано. Знајачни измени во новото моделско годиште следуваат кај шест модели од средната класа, култното име Africa Twin се враќа преку новиот CRF1000L, а нема да недостига ниту нов концепт на две тркала, во форма на City Adventure, како мотоцикл што според Honda нуди ново толкување на идејата за авантура на две тркала.

honda eicma 2015 (1)Сите три „петстотки“ со моќност до 47 КС – голата верзија CB500F, спортскиот CBR500R и кросоверот CB500X – добија диодни светла напред и назад, дотерување на предзатегнатоста на предните пружини, местење на рачките за сопирачките, поголеми резервоари со нов стил на чепот за гориво и нов дизајн на клучевите. Верзијата „F“ доби и неколку измени во изгледот, вклучувајќи избор од 6 бои, додека кај „CBR“ повеќе е нагласен спортскиот карактер, со поостри линии од комплетно сменетиот преден дел до подигнатиот опаш. Обете изведби отсега имаат покуси издувни лонци, кои произведуваат подлабок звук. Измените кај CB500X се сведуваат на ветробранот што е повисок за 100 милиметри, со можност за дотерување, заедно со нови бои и нова графика. Резервоарот сега има доволен капацитет за над 500 километри.

Нов издувен лонец за триото New Concept за нагласување на звукот на „паралел-твин“

Популарното трио 750-ки од генерацијата New Concept исто така добија неколку новитети за 2016 година. NC750S, NC750X и Integra имаат издув според Euro4 и нови функции на менувачот DCT, со 3 нивоа на S Mode. Редизајнираните инструменти може да се избираат во 9 бои, со менување на бојата во еко-модусот, зависно од режимот на возење. Новите издувни лонци даваат подлабок тон, соодветно на препознатливиот звук на моторот. Предната вилушка кај NC750X и Integra е унапредена со амортизерите со двојни вентили на Showa, заради подобрено придушување и полинеарна работа на суспензијата.

honda eicma 2015 (3)Сите три модели имаат и измени во изгледот. Специјалната серија на NC750S со диодни светла напред и назад доби две нови бои кои му даваат поспортски изглед на „S“, додека Inregra исто така има диодни светла, но и уникатна металик боја. Со измените во дизајнот кај „X“ е повеќе нагласен авантуристичкиот стил и исто така се вградуваат диодни светла, со што се комплетира четворката модели во семејството X.

По една година откако го прикажа како True Adventure на ланскиот Eicma, Honda CRF1000L Africa Twin ќе доживее европска премиера на претстојниот салон во Милано. Јапонците применија најсовремена технологија во комбинацијата од универзален карактер и комфор за долги тури на Africa Twin, вклучувајќи комплетно нов паралелен-твин мотор од 998 сантиметри кубни, со директна реакција во целото работно подрачје.

АВЅ со исклучување на контролата на задното тркало при возење по терен кај Africa Twin

Покрај стандардниот модел со диодни светла напред и назад, ќе бидат достапни уште две верзии на Africa Twin: Верзија со АВЅ, која што дополнително има и диодни трепкачи, АВЅ со можност за исклучување на контролата на задното тркало при возење по терен, контрола на вртежниот момент со повеќе модуси, штитници за дланките и заштита на картерот, како и верзија со менувач со двојна спојка, со три нивоа на спортски модус, нов прекинувач G за теренско возење и приспособување на контролната електроника на менувачот, при качување и спуштање по стрмен терен.

Концептот City Adventure е изработен во чест на враќањето на Africa Twin во гамата на Honda и го нуди авантуристичкиот дух во град, потенцирајќи го настојувањето на марката да истражува нови начини за создавање уникатни технологии што се надоврзуваат на животниот стил на купувачите.

Претходна објаваBentley Bentayga: Ексклузивна прва серија само за 608 купувачи
Следна објаваMercedes SL: Возило од соништата за посебните моменти во двојка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here