Ford тестира автономни возила во симулирана градска средина

Ford Fusion Hybrid секојдневно врви по улиците на вештачкиот град Емсити заради усовршување на технологијата за автономно возење

Ford е првиот автопроизводител што ќе тестира возила во Емсити, симулирана градска средина во Универзитетот Мичиген што покрива површина од 13 хектари.

Емсити е град во којшто единствено технологијата што се тестира се чувствува како во градска средина. Во градот што е дел од центарот за трансформација на мобилноста во рамките на Универзитетот Мичиген во САД постојат семафори, пешачки премини, сообраќајни ленти, велосипедски патеки, тротоари, знаци, бандери, па дури и градилишта на патот.

Идејата зад Емсити е да се овозможи безбедно тестирање на технологија во услови на градска средина, но без опасност евентуалната несовршеност на технологијата да предизвика човечки или материјални штети.

Ford тестира автономни возила подлого од 10 години, вклучувајќи ја и последната серија истражувања од 2013 година, со Ford Mondeo на патеката на Mira во Велика Британија, како и со специјално подготвената верзија на Fusion Hybrid со автономна технологија, во соработка со Универзитетот Мичиген.

Fusion Hybrid се тестира на најразлични подлоги, од асфалт и бетон, преку гранитна коцка и кал, при што се вози на патишта со две, три или четири ленти. Се проверува и како техниката реагира на рампи, на кружни текови и во тунели. Возилата поседуваат сензори LiDar, односно технологија што ја одредува далечината преку ласери и потоа ја анализира одбиената светлина, за на крај да се создаде реална тридимензионална мапа од средината.

Ford Fusion е прв автомобил што се тестира во Емсити, во симулирана градска средина

https://youtu.be/Eurbzbp8VdY

Како технологијата за автономно возење ја гледа средината околу себе

https://youtu.be/_MtpVeP0u0M

 

Претходна објаваДизелската афера без влијание врз продажбата на Volkswagen во октомври
Следна објаваПродажбата на автомобили во Словенија со двоцифрен пораст

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here