Mercedes 300 SL: Седум милиони долари за редок „Sportabteilung“

Од овој автомобил се произведени само четири примероци. Аукциската куќа Сотби очекува цената на Mercedes 300 SL Sportabteilung да достигне седум милиони долари на наддавањето во Њујорк.

Спортското одделение на Mercedes, во оригинал „Sportabteilung“, во 1950-те години произведе само четири примероци од овој специјален автомобил, за тестирање и учество на трки. Еден примерок од оваа ексклузивна серија ќе се најде на наддавање во познатата аукциска куќа Сотби во декември. Станува збор за првиот произведен примерок од серијата, со мотор NSL со механичко впрскување на горивото и со 240 КС. Возилата се разликуваат и по четиристепениот мануелен менувач, по спиралните пружини, вентилираните диск сопирачки на сите тркала, челичните бандажи со централна навртка, модифицираните оски и спуштеното подвозје.

merceds 300 sl sportabteilung 1Овој 300 SL Sportabteilung се користеше тринаесет месеци за тестирање и тренинг. За тоа време, зад воланот се најдоа тркачките ѕвезди Хуан Мануел Фанџо, Карл Клинг и Ханс Херман. Врвот во кариерата на автомобилот следуваше откако Жорж Хуел и неговиот деловен партнер Ханс Хомел го купија возилото. Хуел и неговиот пријател Стирлинг Мос во 1956 година стартуваа на тогашната автомобилска трка Тур де Франс. Мос успеа да им се спротивстави на доминантните Ferrari 250 Berlinetta и ја заврши трката на второто место, само поради тоа што победникот на трката имаше освоено повеќе бодови.

Во следните години Хуел сам се тркаше со „Sportabteilung“, но го продаде автомобилот кон крајот на 1950-те. Таткото на сегашниот сопственик го купил возилото во 1966 година и по една година започнал со реставрација, но никогаш не ја довршил. Четири децении подоцна, неговиот син продожил да работи на возилото и го вратил во оригиналната состојба од 1956 година. Аукциската куќа Сотби очекува дека возилото ќе достигне цена меѓу пет и седум милиони долари на наддавањето на 10-ти декември во Њујорк.

 

Претходна објаваИ тоа е Rolls-Royce: Сервисен повик само за еден автомобил
Следна објаваСакате да видите како автономните возила го гледаат светот?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here