Kia Cadenza: Корејска престижна лимузина за светскиот пазар

Автомобилите денес се купуваат со срце. Затоа Kia настапува со емотивен дизајн за новата генерација на Cadenza. Големата лимузина ќе ни се допадне и во Европа, но САД остануваат примарен извозен пазар за овој модел.

Следната година пристига новата генерација на моделот на Kia од вишата класа, наменет за светскиот пазар. Корејската марка денес ги објави првите цртежи од новата Cadenza, кои прикажуваат динамичен дизајн, со долга хауба, куси каросериски превиси и низок профил на  покривот. Во кабината следува луксузна атмосфера, со избрани материјали и дизајн што оддава впечаток на модел од премиум сегментот.

Кабина со дизајн и изработка инспирирани од вкусот на европските купувачи

kia cadenza 2016Со ваквиот изглед, со широк опаш, развлечени светла и силуета на купе, во стилот што Kia почна да го негува со моделот од средната класа Optima, големата Cadenza секако дека ќе успее да го привлече и окото на европскиот купувач. Kia Cadenza досега го имаше американскиот пазар како примарен, но иако засега нема официјална потврда, може да се очекува дека корејската марка ќе се обиде со новата генерација на Cadenza и на европскиот пазар да им се спротивстави на германските лимузини од премиум сегментот, Audi A6, серијата 5 на BMW и Mercedes од класата Е.

Претходна објаваЕлектричниот Nissan Leaf добива привилегиран превоз по железница
Следна објаваBosch има дисплеј што „кликнува“ како механичко копче

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here