Fiat 500: Милион и половина од најиталијанскиот автомобил од … Полска

Продаван во повеќе од 100 земји, од Италија, преку Бразил и Јужна Африка, до Јапонија и САД, ретромоделот на најиталијанскиот автомобил на сите времиња денес достигна 1,5 милион примероци. А, тој доаѓа од Полска.

Во боја „бела како сладолед“ или многу позвучно „џелато вајт“, еден и пол милионитиот примерок од Fiat 500 денес се симна од производствените ленти во фабриката на Fiat, во Полска. Јубилејниот модел е со рустикалниот 1,2 литарски бензинец со 69 КС и наменет е за купувач во Франција. Ретро моделот во стил на оригиналниот Cinquecento се појави пред осум години и четири месеци.

Три четвртини од вкупната продукција се продадоа надвор од Италија, а малечкиот автомобил освои над 40 признанија, вклучувајќи и титула на автомобил на 2008 година во Европа.

Претходна објаваИ тракторите имаат системи за асистенција
Следна објаваСветска премиера на златен Brabus со 900 КС на салонот во Дубаи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here