Шефот на развој во Audi отпуштен поради неиновативност

Напредок преку техниката, тоа е слоганот на Audi. Марката не напредуваше особено во овој поглед во последната година, затоа шефот Дирхајмер мораше да го напушти своето место.

Волфгант Дирхајмер стапи на должност како шеф на развој во Audi во минатиот септември. По неполна година, тој веќе мораше да си замине од оваа позиција и да му го препушти местото на шефот за развој во Volkswagen, Улрих Хакенберг. Со тоа, Дирхајмер ја сноси одговорноста за недоволната иновативност во моделите на Audi. Премиум марката на Volkswagen веќе подолго време е предмет на критика во интерните кругови на концернот. Додека конкурентот BMW постигна голем напредок со технологијата Efficient Dynamics и најави старт на продажбата на електричниот автомобил i3 веќе во оваа година, и тоа по цена од 36.000 евра, Audi неодамна објави дека ги прекинува сличните активности.

[one_half]Дирхајмер претходно беше шеф на престижните марки Bugatti и Bentley, исто како и шеф на развој во Porsche[/one_half]

[one_half_last]Wolfgang Duerheimer[/one_half_last]

Заради намалување на развојните трошоци, Дирхајмер планираше новиот Audi A8 да го развие врз платформа на Porsche. Шефот на концернот Volkswagen, Мартин Винтеркорн, повеќе не можеше да дозволи стагнација во премиум марката од Инголштат. Audi учествува речиси со половина во вкупниот профит на концернот. Новиот шеф Хакенберг важи како водечки експерт за развој на нова техника и нови модели во рамките на концернот.

Претходна објаваИмпресија • Suzuki Jimny 1.3 VVT
Следна објаваРио де Жанеиро ќе вози Renault на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here