Шест месеци во континуитет, Kia бележи нови рекорди во продажбата на големиот американски пазар. Пристигањето на новата Optima ќе даде дополнителен поттик во растот на продажбата.
Американскиот огранок на Kia Motors денес објави дека во минатиот месец продала 50.044 возила на пазарот во САД, што е најдобра октомвриска продажба на сите времиња на овој пазар и претставува зголемување од 12 проценти во споредба со ланскиот октомври. Најпродавани модели се Optima и Soul, со по 14.381 и 12.246 примероци. Kia во континуитет од шест месеци бележи нови продажни рекорди на големиот американски пазар.
„Kia е марка предизвикувач и нашата способност да се издвоиме од просекот во браншата без пикап и големи теренци во нашата понуда говори многу за тоа дека голем број клиенти ја откриваат новата Kia,“ изјави Мајкл Спраг, прв човек на Kia Motors America. Марката ќе продолжи да бележи уште поголем раст во продажбата, со пристигањето на новата генерација на Optima и фејслифтот на Sportage. Лани Kia продаде преку половина милион возила на пазарот во САД.
| Октомвриска продажба во САД | Продажба од јануари до октомври во САД | |||
| Модел | 2015 | 2014 | 2015 | 2014 |
| Rio | 1,571 | 2,534 | 21,847 | 31,921 |
| Forte | 5,198 | 5,190 | 68,498 | 58,983 |
| Optima | 14,381 | 11,840 | 132,684 | 134,486 |
| Cadenza | 1,018 | 608 | 5,898 | 8,237 |
| K900 | 229 | 62 | 2,134 | 1,168 |
| Sportage | 4,476 | 3,743 | 43,484 | 36,386 |
| Sorento | 8,593 | 7,656 | 94,354 | 84,234 |
| Sedona | 2,332 | 2,376 | 32,196 | 8,032 |
| Soul | 12,246 | 10,685 | 124,929 | 126,264 |
| Вкупно | 50,044 | 44,694 | 526,024 | 489,711 |
















