Спектакуларна гала вечер се организираше во срцето на Монако во чест на почетокот на продажбата на новиот теренец Bentley Bentayga.
За одбележување на почетокот на продажбата на Bentley Bentayga на европскиот пазар, Волфганг Дирхајмер, првиот човек на престижната британска марка организираше спектакуларна вечера во срцето на Монте Карло.
Како гости на манифестацијата во Грималди Форум беа поканети најголемите светски имиња во уметноста, дизајнот, филантропијата, модата, музиката, спортот и бизнисот. Тема на вечерта беше „исклучителното“, со дебата околу тоа што е потребно за човек да биде навистина исклучителен и со споделување на сопствените искуства и достигнувања на гостите.

Амбасадорот на марката, Томас Бубендорфер, како еден од најистакнатите соло планинари во светот, на гостите во Монте Карло им пренесе инспиративни гледишта за неговите искуства во достигнувањето нови височини и надминување на сопствените граници.
Роберт Енгстлер, директор на Bentley за Европа, коментираше: „Успехот на Bentayga во Европа ги надминува сите наши очекувања.“ Настанот во Монако е почеток на промотивната тура на новиот Bentayga низ Европа, во која што ќе бидат опфатени посети на сите позначајни дилери на британската марка.

















