Истражување во Холандија: Возачите на Honda и Mercedes со најмногу незгоди

Во истражувањето на холандскиот портал NU се покажа дека лани возачите на Honda и Mercedes најчесто учествувале во сообраќајна незгода. На секои илјада возачи на овие две марки, седум имале незгода.

Според истражувањето што го спроведе холандскиот портал NU, возачите на автомобили од марките Honda и Mercedes почесто учествуваат во сообраќајни незгоди отколку возачите на другите марки. На секои илјада возачи на овие две марки, седуммина имале сообраќајна незгода лани. На третото место следи Volkswagen, со 5,9 незгоди по 1.000 автомобили од марката. Водечката црна петорка ја комплетираат Peugeot и BMW, обете со по 5 судири на секои 1.000 регистрирани возила од марките. За истражувањето се користени податоци од националната сообраќајна статистика.

holandija statistika

Во судирите најретко учествуваат возачите на марките Skoda, Nissan, Lancia, Subaru и Alfa Romeo. Кај нив е двојно помал бројот на возачи што учествувале во незгода во споредба со водечките Honda и Mercedes.

Бојата е важна: Портокаловите возила се најопасни

Истражувањето покажува дека и бојата на автомобилот влијае врз учеството во сообраќајните незгоди. Од 20.691 регистриран автомобил во Холандија со портокалова боја на каросеријата, 127 имале сообраќајна незгода лани. Тоа значи дека на секои 1.000 портокалови возила, шест имале судир. На второто и третото место следат белата (4,7 на 1.000 возила) и црната боја (4,0 на 1.000 возила).

Најмногу незгоди на холандските патишта лани се случувале во четвртоците во периодот меѓу 17 и 18 часот. Во тоа време имало 1.653 нсообраќајни незгоди. Најсигурно за возење според истражувањето на порталот е во вторник, меѓу 3 и 4 часот наутро.

Претходна објаваJaguar E-Type избран за најдобар британски автомобил на сите времиња
Следна објаваMercedes отвори сопствена когенерациска термоелектрана

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here