Швајцарскиот град Берн изнајмува товарни велосипеди со погон на струја

Товарните велосипеди со погон на струја се хит во швајцарскиот Берн. Купување не се исплатува, затоа што тие ретко се користат. Бернандинците дојдоа до идеја да ги изнајмуваат и засега се единствени во светот. Веројатно, не уште долго.

Од крајот на септември, фирмата Carvelo изнајмува 18 товарни велосипеди во повеќе подрачја од градот Берн. Постапката за изнајмување е многу едноставна. Заинтересираните корисници можат до 72 часа однапред да изнајмат велосипед преку платформата carvelo2go и да го преземат клучот од „домаќините“. Тоа може да бидат ресторани, фризерници, било што.

carvelo2go bern 5626986Постои причина зошто концептот се базира на домаќини. Електричните товарни велосипеди не се конструирани со цел да се изнајмуваат. Тие бараат потемелно одржување од обичните и робусни велосипеди што се наменети за изнајмување. Домаќините ги преземаат обврските околу одржувањето и полнењето на батериите. Како надомест за нивниот труд, тие можат да ги користат велосипедите бесплатно, кога истите не се изнајмуваат. Овие едноставни и практични превозни средства се достапни бесплатно и за членовите на Швајцарскиот Туринг Клуб. На тој начин, автомобилскиот клуб привлекува и нови членови. За сите други корисници, првиот час чини пет франци, односно околу 4,60 евра, а од десеттиот час, секој нареден се плаќа по еден франк.

Големиот интерес за товарните велосипеди е поттикнат со олеснувањето од електромоторот

Идејата е младите семејства во градот да се поштедат од трошоците за купување автомобил. Но, многумина ги користат електричните товарни велосипеди и за превоз заедно со своите деца. Големиот интерес за изнајмување на товарните велосипеди се поврзува со електрчниот погон, односно идејата за користење на овој превоз станува интересна токму поради олеснувањето што го овозможува електромоторот при вртењето на педалите.

Финансирањето на велосипедите во Берн се врши преку рекламирањето. Просторот за рекламирање најчесто го користат претпријатијата за јавен транспорт, градот Берн или автомобилскиот клуб. Постојат уште многу други поволности. Семејствата во Берн можат бесплатно да го користат електричниот товарен велосипед до три месеци, под услов да го делат заедно со уште две фамилии.

Пилот проектот во Берн е само почеток. Од следната година, принципот ќе се примени и во Базел. Целта е carvelo2go набрзо да биде достапен низ целата територија на земјата.

Претходна објаваАргентинските ветерани му токмат затворска казна на Џереми Кларксон
Следна објаваЗошто предметите треба безбедно да се сместат во автомобилот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here