Аргентинските ветерани му токмат затворска казна на Џереми Кларксон

Ветераните од фокландската војна побараа ново судење за случајот со провокативните регистерски таблички на Top Gear. Во најлош случај, на Џереми Кларксон му се заканува затворска казна до 3 години.

Поранешниот домаќин на шоуто Top Gear, Џереми Кларксон, познат е по своите политички некоректни испади. Кога тимот на Top Gear кон крајот на минатата година го снимаше специјалното божикно издание на емисијата во Аргентина, избувнаа протести поради една навидум обична регистерска табличка. Автомобилот Porsche што Џереми Кларксон го возеше во Аргентина, имаше регистерски ознаки H982 FKL, што некои Аргентинци го сватија како провокација за фокландската војна во 1982 година. Реакцијата за оваа „непромислена“ постапка отиде дотаму што демонстрантите го нападнаа тимот на Top Gear, кој мораше да пребега во Чиле.

Обвинение за илегална замена на регистерски таблички

Тимот на Top Gear потоа се извинуваше за недоразбирањето и ги замени регистерските таблички заради избегнување на натамошните проблеми. Но, токму во овој чин е главниот проблем. Аргентинскиот суд веќе донесе пресуда дека тимот немал лоши намери при замената на регистерските таблички. Судот во провинцијата Тера дел Фуего, по реакциите од ветераните во војната за Фокландските Острови, сепак одлучи да ја обнови судската постапка, затоа што телевизиската екипа била свесна дека замената на регистерските таблички е илегална.

Џереми Кларксон сега е обвинет за фалсификување, менување или прикривање број на законски регистриран објект. За недозволено менување на регистерската ознака во Аргентина следува затворска казна меѓу 6 месеци и 3 години. Процесот веројатно ќе потрае повеќе години.

Претходна објаваШто планира Suzuki до 2019 година: Европска офанзива на јапонската марка
Следна објаваШвајцарскиот град Берн изнајмува товарни велосипеди со погон на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here