Mercedes отсега им продава и комбиња на Американците

Mercedes Vito во Америка се продава како Metris и има шанса да постигне огромен успех. На пазарот не постои друг модел во класата на ванови со средна големина. Google Express веќе наголемо ги користи комбињата.

Mercedes Vito се продава на европскиот пазар веќе една година и исто како во претходните генерации постигнува одличен удел во продажбата во сегментот на доставни возила за занаетчии или за испорака на стока низ град. Новото е што Mercedes со овој модел тргна да го освојува и пазарот во САД. Vito таму е позициониран во класата на ванови со средна големина и засега нема конкуренција, затоа што едноставно не постојат други модели во класата.

Mercedes го доби Google Express како пробен клиент. Тоа е одлична реклама за Metris и за марката
Mercedes го доби Google Express како пробен клиент. Тоа е одлична реклама за Metris и за марката. Комбето се продава преку гигантска мрежа од близу 300 дилери

Мошне е разбирливо и тоа што Vito во Америка настапува под помалку „доновско“ име и се продава како Metris. Новото име асоцира на метропола, односно на возило што ги снабдува метрополите со сите потребштини.

Metris стартува од 28.950 долари на големиот пазар

Mercedes веќе од порано го нуди и поголемиот Sprinter на пазарот во САД. Цените за Metris стартуваат од 28.950 долари (ca. 26.300 евра) за карго-ван и 32.500 долари за патнички ван. Моментно Metris се продава преку мрежа од 279 дилери, од кои 55 се и дилери за Freightliner.

Под хаубата на Metris работи четирицилиндарски бензинец со 208 КС и оваа сила преку седумстепен автоматик се пренесува на задната оска. Импресивна е безбедносната опрема: Осум воздушни перници, асистент за страничен ветер, адаптивен ЕЅР, системи за следење лента и за контрола на мртвите агли.

Дизајнот го разликува Metris од останатите доставни возила на американскиот пазар, кои обично изгледаат како „цигла“
Дизајнот го разликува Metris од останатите доставни возила на американскиот пазар, кои обично изгледаат како „цигла“

Покрај тоа што Американците во основа се големи поклоници на марката, на Metris може да му помогне и тоа што со изгледот отстапува од кутиестите дизајни на домашните комбиња. Дополнителна предност е тоа што со неговите димензии настапува во класа што уште е неоткриена на американскиот пазар.

Во промоцијата на Metris учествува и Google Express

Обезбедени се и важни клиенти. Mercedes го доби Google-Express како пробен клиент. Корисниците можат преку овој портал на интернет гигантот да нарачуваат производи за секојдневна потрошувачка, на пример, прехранбени продукти, кои обично се испорачуваат во рок од 24 часа. Во експресна испорака, производите пристигаат уште истиот ден. Google е задоволен од Metris и во следната фаза ќе се тестираат можностите на варијантите за испорака на замрзната стока.

mercedes metris 25747

Претходна објава605 КС за брзите семејни транспортери на Audi
Следна објаваГенијално од Volkswagen: Попуст на ново возило при замена на „софтверскиот“ TDI

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here