Скандалот со дизелите се проширува во Opel. Тие „лажат“ поинаку од Volkswagen

Германско еколошко здружение јавува за огромни отстапувања во количината на штетни материи при мерењето на издувот на 1,6-литарскиот мотор на Opel. Според производителот, станува збор за погрешни обвинувања.

Германското здружение за заштита на животната средина тврди дека Opel Zafira со дизел мотор испушта многу поголема количина на азотни оксиди од дозволената. Лабораторијата за испитување на техничкиот факултет во Берн по налог на здружението ја измерила емисијата на азотни оксиди кај Opel Zafira 1.6 CDTi. Притоа, во одредени ситуации во симулираното возење се измерени емисии на азотни оксиди кои се дури до 17 пати повисоки од дозволените вредности според Euro 6.

Тестираната Opel Zafira во официјалниот циклус за тестирање NEDC, во три обиди, при ротирање на задните тркала, покажала емисија на NOx што била за три до четири пати над дозволените вредности. Во трите последувателни тестирања во „нормални“ услови на мерење во лабораториски услови, што значи со статични задни тркала, вредностите на азотните оксиди секогаш биле под дозволената гранична вредност од 80 kg/km.

Извесно е дека ќе следи проверка на сите производители на автомобили

Почитувањето на пропишаните вредности за издувни гасови нема за цел да го одржува чист воздухот во лабораториите, туку атмосферскиот воздух за луѓето. „Не гледаме техничка причина, зошто емисиите на NOx драстично би се зголемувале кога се вртат задните тркала“, оценуваат од швајцарскиот технички факултет. „Не можеме да најдеме никакво технички засновано образложение за промените во издувните гасови кај возилото на Opel,“ продолжуваат техничките експерти.

opel zafira skandal 2Германското здружение решило да започне со серијата тестирања на издувните гасови токму со Opel Zafira, затоа што за овој автомобил добиле детални докази за постоење неусогласеност во пречистувањето на издувните гасови. Резултатите од тестирањето во Швајцарија се испратени до надлежната инстутуција за издавање хомологација за возилата во Германија, заради натамошна проверка на Opel Zafira 1.6 CDTi. Еко-зружението ќе продолжи да спроведува тестирања на актуелни модели со норма Euro 6 од домашните и странските производители.

Во Opel реагираат панично на објавените резултати: „За сите наши автомобили важи исто како и досега, без какви било ограничувања. Софтверот што е развиен од General Motors не поседува функции што препознаваат дали возилото се подложува на тест на издувните гасови.“ Opel со ова соопштение ја упатува одговорноста на американската мајка General Motors, но е далеку од тоа дека негира постоење на уред што препознава кога задните тркала мируваат. Во Opel дополнително се извршени тестирања на „осомничениот“ модел, на рампа со два и четири пробни валци и наводно се добиени коректни вредности. Дали навистина?

Претходна објаваMazda повикува во сервис 1,2 милион возила во САД
Следна објаваИзмамата кај дизелот на Opel е откриена уште пред еден месец

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here