Две третини од Германците и натаму сметаат дека Volkswagen е „исклучителен“

Германија не си дозволува индустријата тукутака да ѝ биде нападната од другата страна на океанот. Во анкета, две третини од анкетираните веруваат дека Volkswagen произведува исклучителни автомобили и покрај „скандалот“ со азотните оксиди.

Разочарување за конкурентите што се понадеваа дека ќе искористат од можното ослабнување на имиџот на Volkswagen по нападот од Америка. Седум од десет Германци сметаат дека се претерани нападите врз марката и дека Volkswagen и натаму произведува одлични автомобили. Тоа го покажа последната анкета спроведена преку интернет меѓу 1.000 лица. Понатаму, шест од десет Германци не веруваат дека имиџот на германскиот квалитет на производство ќе претрпи трајна штета од нападот што беше провоциран од САД, додека 63 проценти се убедени дека „скандалот“ со големата концентрација на азотни оксиди во издувните гасови набрзо ќе биде заборавен.

Меѓу Германците сепак постои загриженост дека проблемите со кои што се соочува Volkswagen би можеле да влијаат врз останатите индустриски гранки што го градат името на земјата како индустриски лидер во поглед на квалитетот на производство и технолошката авангарда.

Претходна објаваПрвиот Lexus произведен во Америка
Следна објаваОсло ќе ги забрани автомобилите во центарот на градот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here