Bentley работи на хиперспортски автомобил од милион фунти

Скапоцената британска марка се подготвува да одбележи еден век постоење со хиперавтомобил чија што вредност би изнесувала над еден милион британски фунти.

Првиот човек на Bentley, Волфганг Дирхајмер, на тековниот салон во Франкфурт најави можност неговата марка да го одбележи претстојниот стогодишен јубилеј со нов автомобил, што ќе биде понуден во ограничена серија и ќе се движи во ценовната рамка од околу еден милион британски фунти, односно близу 1,4 милион евра.

Bentley ќе ја одбележи стогодишнината во 2019 година и не открива детали околу автомобилот што ќе биде претставен по повод знајачниот јубилеј. Дирхајмер дополнително ги подгреа шпекулациите „Прашањето е дали ќе изработиме автомобил што е вообичаен за нашиот сегмент или ќе користиме карбон и други лесни материјали, за да се натпреваруваме со ‘големокалибарските’ проектили,“ размислува гласно шефот околу изборот на ексклузивен и елегантен модел во стилот на Mulsanne и Continental, или пак, тркачки автомобил што ќе поставува нови мерила.

Дирхајмер претходно има работено за марките Bugatti и Porsche, со голема заслуга за појавувањето на Porsche 918 Spyder. Во 1999 година Bentley го прикажа специјалниот концентен автомобил Hinaudieres, со мотор W16, како своевиден претходник на Bugatti Veyron. Токму овој автомобил може да послужи како инспирација за тоа што може да се очекува во следните четири години од британската марка. Секако дека во игра влегува и дизајнот на концептниот автомобил EXP 10 Speed 6 прикажан годинава на салонот во Женева.

Претходна објаваОвие трикови ги користат производителите заради лажирање на потрошувачката
Следна објаваСтудија во САД: Електрониката го паркира автомобилот побрзо од возачот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here