Mitsubishi Space Star со рекордни 3,38 литри на 100 километри

Швајцарија е богата земја, но тоа не значи дека нејзините жители се расфрлуваат со пари, или уште полошо, си ја загадуваат животната средина. Швајцарец постави рекорд во ниска потрошувачка со новиот Mitsubishi.

Феликс Еголф е авио пилот кој слободното време го користи одвреме навреме да поставува рекорди, постигнувајќи драстично пониска потрошувачка на гориво од фабрички измерената. Швајцарскиот „хајпермајлер“, како што се нарекуваат мајсторите на штедливото возење, претходно постави рекорд со дизелски модел на Mitsubishi ASX, со 3,2 литри дизел на 100 километри.

DSC_0110
Швајцарскиот хајпермајлер извозе 1111.1 километри со еден резервоар, односно во просек трошеше 3,38 литри бензин на сто километри со Space Star со 80 КС

Новиот Space Star е следниот предизвик за Феликс. За овој модел фабриката декларира 4,0 литри на сто километри, во верзијата со бензински мотор од 1,2 литар и моќност од 80 КС. Швајцарецот успеа со еден резервоар, односно со 37,65 литри, да извози 1.111 километри, што дава просек од 3,38 литри. Оваа вредност е дури 17 проценти под фабричката. Патувањето траеше 20 часови, со просечна брзина од 55 километри на час.

Новиот Mitsubishi Space Star наскоро ќе биде претставен и во Македонија, како возило со привлечен дизајн, штедлива техника и висока противвредност.

Претходна објаваMercedes-Benz ја пушти технологијата Nanoslide во производство
Следна објаваИзбрани најдобрите мотори на годината

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here