Renault на салонот во Франкфурт: Студија на пикап Alaskan

Студијата Alaskan го прикажува изгледот на серискиот модел што во средината на 2017 година ќе пристигне и на европскиот пазар. Сегментот на пикапи бележи огромен раст во продажбата на глобално ниво.

Со голема товарна површина и носивост од еден тон, француската марка го најавува својот влез во пазарниот сегмент што во 2014 година забележа огромен раст со пет милиони продадени примероци на глобално ниво и се очекува во идните години да продолжи да расте со уште поголем интензитет. Студијата Alaskan прикажува атлетска форма на каросеријата и моќен став со бандажите од 21 инч, како доказ дека и товарните возила можат да привлечат со изгледот и да постигнат спортска нота.

По една верзија за професионалци и за авантуристи

Renault ќе го понуди стилскиот пикап во неколку каросериски изведби и со поголем избор на мотори, за професионална примена, но и за рекреативците што имаат потреба од возило во согласност со нивниот активен животен стил. „Со нагласок на моќта и робусноста, како и со впечатливите димензии на возилата, формата ги следи правилата во сегментот на пикапите. Притоа, ние ја збогативме појавата со специфични белези на Renault, како што е доминантниот преден дел,“ објаснува главниот дизајнер Лоренс ван ден Акер.

renault alaskan 9875Страничната силуета се карактеризира со широко издадени крила, додека сопирачките клешти, ретровизорите и помали детали во каросеријата се лакирани впечатливо во сина или златно жолта боја. Надворешниот изглед на концептниот Alaskan дополнително прикажува комбинација од сатиниран, четкан или полиран метал. Дневните светла се во форма а „C“, а дневните светла со диодна техника го заокружуваат препознатливиот изглед на предниот дел за Renault.

Под хаубата во концептниот пикап Alaskan работи дизел од 2,3 литри со техника твин-турбо: Два турбополначи со различна големина се грижат за компримирање на воздухот единечно или заедно, во зависност од бројот на вртежи и моментното оптоварување на моторот. На тој начин се обезбедува солидна испорака на вртежен момент уште при најниски вртежи, но во исто време се постигнува и убедлива моќност при повисоки вртежи. За тежината на овој мотор што потекнува од Renault Master, францускиот производител наведува дека таа е значително пониска отколку на конкурентските агрегати.

За верзија со погон на сите тркала ќе асистира партнерот-специјалист Nissan

Секако дека Alaskan Concept не смее да пропушти неколку свежи решенија за товарење. Едно од нив се трите шини за прицврстување на товарот. Чувствителната опрема или алат се чуваат во заклучените прегради десно и лево од товарната површина. Благодарение на големото растојание од подлогата Alaskan одговара и за неасфалтирани патишта или градилишта.

Французите планираат да го понудат Renault Alaskan и во верзија за авантуристи, со понуда на прибор, како церада или капак за товарната површина. Во различните услови на примена на пикапот, далеку од цивилизацијата или чисто заради организација на работата, секако дека ќе бидат добредојдени и можностите за поврзување со преносни уреди и со интернет што се планираат за серискиот модел.

 

Претходна објаваVolkswagen Tiguan со премиера на салонот во Франкфурт
Следна објаваФотографии од новиот Renault Megane премиерно на италијански блог

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here