Видео: Не ви се допаѓа кампување? Обидете се со глампување!

Америка повторно го сака кампувањето, но тоа не е обично. Глампување е новиот тренд што ги тресе сопствениците на спортски теренци и пикапи. Името е кованица од гламурозно кампување.

Како што приближува летната сезона, семејствата во Америка почнуваат да се подготвуваат најдоброто кампување во животот. Но, како престојното кампување да биде порелаксирано, повозбудливо и позабавно од минатите? Глампување е решението.

Глампување е кованица од гламурозно кампување, со максимален комфор при спиење, со кујна во која може да се зготви пристојно јадење, во чиста и свежа атмосфера, и секако, во врвен стил. Глампувањето во луксузна приколка ги нуди сите предности на традиционалното кампување, како свеж воздух и уживање во природата, но ги надополнува со предностите на лускузното сместување на тркала.

Претходна објаваMINI по стапките на основачот на Lonely Planet
Следна објаваКинескиот Great Wall ќе го претркува Jeep

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here