Марката BMW повторно е активна на македонскиот пазар, под новата компанија М Кар. Денес и официјално стартуваат бизнис активностите, во стариот објект на марката во скопски Момин Поток.
Компанијата М Кар денес стартува со бизнис активностите како нов ексклузивен увозник на BMW и Mini за Македонија и Косово. Од 2015 година, М Кар, компанијата која е авторизиран претставник на групацијата BMW, како и на Toyota, Mazda, Suzuki и Kia за Бугарија, се прошири и во Македонија и стана новиот ексклузивен увозник за BMW и Mini во Македонија и Косово. Спојувајќи ги своето досегашно искуство и новите стандарди на работење, компанијата е уверена дека ќе забележи успех во повторното лансирање и во продажбата на овие премиум брендови на македонскиот пазар и дека ќе обезбеди сигурна и врвна постпродажна поддршка на корисниците на BMW и Mini.
Новиот увозник М Кар ќе ги преземе целокупниот имот и постоечките работни простории на BMW и Mini во Скопје и ќе функционира преку нов менаџерски тим, современ пристап, свежа енергија и значително подобрен квалитет на грижа на корисници.
Поседувајќи извонредна инфраструктура, придобивките кои доаѓаат од квалитетот на единствените BMW и Mini возила и работејќи со искусен и посветен тим, М Кар ќе цели кон задржување на највисоките стандарди на грижа и задоволство на своите корисници. Компанијата е цврсто посветена на повторно воспоставување на брендовите BMW и Mini на премиум позиција на пазарот, преку обезбедување на највисок квалитет на услуга и одржување на постојан фокус кон севкупните премиум стандарди на работа.
















