Студија во Америка: Потрошувачката на гориво не се намалува

За забавеното темпо на намалување на потрошувачката на гориво во САД придонесува и масовната распространетост на пикапи, кросовери и големи спортски теренци

Имате впечаток дека автомобилот што го возите денес троши исто колку оној што сте го имале пред дваесет или повеќе години? Веројатно сте го право. Студија објавена во САД открива стагнација во намалувањето на потрошувачката.

Потрошувачката на гориво на автомобилите воопшто не се намалила толку драстично колку што тврдат производителите. Тоа е заклучокот до којшто дојде студија на Универзитетот Мичиген. Научниците од институтот за истражување на сообраќајот пресметале дека потрошувачката на сите автомобили на американските патишта во периодот од 1991 до 2013 година се намалила за само еден литар гориво на сто километри.

Истражувањето се базира врз реалната потрошувачка на гориво, со користење податоци за вкупниот број на извозени километри и за вкупно потрошеното гориво, за да се пресмета просечната потрошувачка на гориво на возилата по американските патишта. Според студијата, реалната потрошувачка во периодот од 1973 до 1991 година се намалила за 37 проценти, од 17,5 литри на сто километри на само 11 литри. Наспроти тоа, во 22-те години во периодот од 1991 до 2013 година, потрошувачката се намалила за само еден литар, на просечно 10 литри на сто километри.

amerika vozila 2
Сликата од овој собир на сопственици на тешки пикапи не се разликува од секојдневната слика по американските патишта

За дваесет години потрошувачката се намалила за само еден литар гориво

По нафтеното ембарго во 1973 година, производителите на автомобили постигнаа огромен напредок во намалувањето на потрошувачката на гориво. Но, по 1991 година, овој напредок се одбива со многу забавено темпо. Научниците од универзитетот го објаснуваат тоа со фактот што се потребни многу години додека се замени целиот возен парк на американска територија. Од друга страна, врз стагнацијата во намалувањето на потрошувачката секако влијае и растечката популарност на тешките и моќни спортски теренци и кросовери. Токму драстичното зголемување на тежината на автомобилите во периодот по 1970-те години, поради безбедносните норми и се поголемиот број на безбедносни системи, придонесува за забавувањето на трендот на намалување на потрошувачката на гориво.

Трудот на научниците од американскиот институт во секој случај дава мошне вредни податоци. Истражувањата користат податоци до 1923 година, за сите возила на американските патишта, вклучувајќи товарни возила, автобуси и мотоцикли. Сите возила во Америка во 1923 година трошеле просечно 16,8 литри гориво на сто километри, за оваа бројка во 1973 година да достигне врв со 19,8 литри. Потоа, просечната потрошувачка се намалува на 13,9 литри во 1991 година, но трендот понатаму продолжува со многу забавено темпо. Целата возна флота на Американците во 2013 година трошела просечно 13,4 литри на сто километри, што е само 20 проценти помалку отколку во 1923 година.

Претходна објаваНовата Kia Optima ги напаѓа премиум моделите во средната класа
Следна објаваХибридите на Toyota достигнаа 8 милиони продадени примероци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here