Брзите Шваби од Цуфенхаузен го подготвуваат својот прв електричен автомобил, којшто ќе се трка против Tesla Model S и конечно ќе ја прекине неговата доминација на пазарот. Porsche Pajun ќе се појави прво како студија во Франкфурт.
Како што веќе подолго време се шпелулира, Porsche подготвува спортска лимузина со погон на струја, како конкурент за Tesla Model S. Како основа на лимузината со должина од околу 4,8 метри ќе послужи платформа на Audi, наменета за вградување и во идниот теренец Q6, којшто исто така ќе се нуди во верзија само со погон на струја. Техничарите на Porsche веќе претходно најавија дека идниот Pajun, под развоен код 717, со полни батерии ќе вози преку 500 километри, што е приближно исто со калифорнискиот Model S.
Малечкиот брат на Panamera со погон на струја пристига најрано во 2018 година
Автомобилот ќе се појави како студија на салонот во Франкфурт во септември, а продажбата на Pajun, претходно нарекуван и Panamera Junior, се очекува да стартува најрано во 2018 година. Плановите на Porsche за претставување на идниот Pajun во Франкфурт беа поткрепени и од објавените слики на социјалните мрежи од страна на производителот, на коишто новиот модел е покриен и поставен е покрај Porsche 919 Hybrid, тркачот од Леман. За техничките детали е уште прерано да се зборува, но може да се очекува моќност од најмалку 500 КС.

















