Mercedes ќе го престигне Volkswagen во продажбата во Јапонија

Ненадејна манија за престижни автомобили од увозни марки го зафати јапонскиот пазар. Mercedes профитира најмногу и можно е до крајот на годинава да го престигне Volkswagen како најпродавана увозна марка.

Продажбата на автомобили од марката Mercedes на јапонскиот пазар достигна 32.680 примероци во првите шест месеци од годинава, со зголемување од 19 проценти, додека продажбата на Volkswagen, кој е најпродавана увозна марка уште од 2000-та година, за тоа време забележа пад од 17 проценти и изнесува 29.666 примероци. Побарувачката за автомобили од престижните марки расте псотојано откако просечната вредност на акциите на токиската берза се зголеми двојно во споредба со почетокот на 2013 година.

Mercedes продава повеќе возила во услови кога вкупниот јапонски пазар се наоѓа во негативен тренд. Возилата од големосериските марки и мини-автомобилите бележат намалување во продажбата од 11 проценти во првите шест месеци од годинава. Во минатиот месец, вредноста на акциите на токиската берза постигна највисока вредност од декември 1996 година, благодарение на пакетот економски мери на јапонскиот премиер Шинзо Абе, со коишто се ослабна вредноста на јенот и се предизвика огромен извозен бран, предводен првенствено од корпорацијата Toyota.

Останатите луксузни марки исто така постигнуваат успех во продажбата во островската земја. Mini забележа пораст од 33 проценти, Porsche е во плус од 31 процент. Сите премиум марки на јапонскиот пазар во првите четири месеци од годинава постигнаа раст во продажбата од 12 проценти, додека лани порастот достигна дури 30 проценти.

Претходна објаваЕУ бара од Германија да воведе забранети зони за дизели во градовите
Следна објаваМалезискиот Proton ќе произведува возила под лиценца на Suzuki

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here