Пикап од Dacia Duster и спортско Sandero со 145 КС на салонот во Бразил

Рено Дастер Ороч

На штанд со импресивна површина од 1.800 метри квадратни, Renault го прикажува пикапот Duster Oroch, заедно со спортска изведба на компактот Sandero, наменета само за бразилскиот пазар.

На салонот во Буенос Аирес што се одржува до 28-ми јуни доживеаја премиера првиот пикап на марката Renault и спортската верзија на компактот Sandero, со дволитарски бензинец со 145 КС. Различно од Европа, моделите на Dacia на неколку позначајни пазари во светот се продаваат под матичната марка Renault, вклучувајќи го и бразилскиот пазар, каде што марката има постигнато впечатлив успех.

renault duster oroch

Duster Oroch соединува практичност на пикап со комфор на спортски теренец

Првиот пикап на Renault/Dacia од средната класа е изработен врз база на Duster и отвора нов сегмент на пазарот на товарни возила, комбинирајќи практичност на пикап со двојна кабина и перформанси и комфор на спортски теренец. Со овој концепт, Duster Oroch може да постигне голем успех на пазарот каде што пикап возилата традиционално наидуваат на огромен интерес. Стартот на продажбата во регионот на Латинска Америка се очекува во втората половина од 2015 година. Марката засега не ја исклучува можноста пикапот наскоро да се понуди и на европскиот пазар, доколку тоа го дозволат производствените капацитети и логистиката на марката.

Renault Sandero R.S 2,0 е прв модел развиен од Renault Sport што се продава надвор од Европа
Renault Sandero R.S 2,0 е прв модел развиен од Renault Sport што се продава надвор од Европа

Наспроти тоа, Renault Sandero R.S. 2.0 ќе биде достапен исклучиво на пазарите во Латинска Америка, како прв модел развиен од Renault Sport што е наменет за пазарите надвор од Европа. Под хаубата работи дволитарски бензинец со 145 КС, менувачот е мануелен со шест степени, контролата на стабилноста дозволува поспортско возење. Подвозјето е преработено, вклучувајќи го и управувањето, а диск сопирачки се користат на обете оски. Sandero R.S. ќе стартува со продажба во Аргентина во почетокот на 2016 година.

На салонот во Буенос Аирес се очекува да пристигнат преку половина милион посетители.

 

Претходна објаваNissan инвестира во поголема фабрика за Juke и Qashqai во Британија
Следна објаваJaguar против роботизираните автомобили: „Возачите не се товар!“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here