Специјална серија Dynamic Black за Volkswagen CC

10. VW CC, продадени примероци 6,422 (-26.2%)

Доминацијата на новиот Passat во продажбата ја стави во сенка и купе-лимузината на база на претходникот. Volkswagen реагира со специјална серија од CC со уште побогата опрема, а поевтина за 3.700 евра.

Како што може да се претпостави од името Dynamic Black, оваа специјална серија на купе-лимузината CC е во знак на црната боја, а вклучува и неколку дизајнерски дотерувања. Во споредба со стандардниот модел, CC Dynamic Black e поевтин за 3.700 евра – ако се пресмета богатата опрема што следува во пакет во „црниот“ модел. Во пакетот спаѓаат бандажи од 18 инчи, биксенонски светла, магленки, спортски пакет R-Line и дизајнерски пакет Black Style, со црн таван, седишта обложени со мека телешка кожа со финиш на карбон, сиви штепови во највпечатливите делови од кокпитот, како и украсни панели во општиот стил на возилото. Опремата ја заокружуваат систем за навигација Discover Media, зимски пакет и паркинг сензори.

Специјалната серија CC Dynamic Black е достапна со бензинец со 150 КС и дизели со 150 и 184 КС, во комбинација со мануелен менувач со шест степени или седумстепен менувач со двојна спојка. Германската цена изнесува 38.200 евра, што е 3.700 евра поевтино отколку при посебна нарачка на ставките што следуваат стандардно во „Dynamic Black“.

Претходна објаваВака изгледа кога 20 автомобили Audi ќе пропаднат низ таван
Следна објаваГерманија со 3 милијарди евра субвенција за електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here