Honda Civic Type R: Четири евра поевтин од Leon, 20 евра од Golf GTI

Seat наплаќа четири евра повеќе, додека Volkswagen со Golf GTI Performance е поскап за дури 20 евра. Со 280 КС, односно со 230 КС, обата модела се значително послаби, а ниту оддалеку не се толку брзи. Наспроти тоа, Honda наплаќа по 110 евра за коњска сила за Civic Type R, а во неговата цена за европскиот пазар од 34.000 евра е вклучена дури и титулата на најсилен и најбрз компактен автомобил со преден погон.

Ова е личниот опис на најбрзиот Civic накусо: 310 КС, вртежен момент од 400 њутнметри, крајна брзина од 270 километри на час и забрзување од место до 100 km/h за 5,7 секунди. Фановите на марката чекаа пет години да се појави овој моќник во компакт класата. Чекањето се исплатеше и повеќе, затоа што Civic Type R профитира од трансферот на техниката од болидите на Honda во светскиот шампионат со туристички автомобили.

Civic Type R не ја крие моќта со којашто располага

Моќната Honda воопшто не се труди да го сокрие потенцијалот со којшто располага. Веднаш се забележува огромниот спојлер – иако овој поим е премногу умерен да се користи за тоа што има задача да го притиска опашот на Type R и да спречува вртложење одзади. Секаков сомнеж дека се работи за спортски автомобил исчеснува кога ќе се забележи и големиот дифузор со двете издувни цевки. Отстрана исто така се забележуваат дебелите прагови, исто како и шкргите на краевите на предните крила и испустите за воздух под горниот раб на истите. Во споредба со ова, носот на Type R изгледа дури и кротко. Со исклучок на сплитерот и маската во различна боја, тркачот е речиси идентичен со стандардниот Civic.

honda civic type r 2120150605

Инженерите си поставија цел дволитарецот со турбонатполнење да се „врти“ високо исто како атмосферски мотор. Крајната моќност се постигнува при 6.500 вртежи во минута, а црвеното подрачје почнува 500 вртежи подоцна. Четирицилиндарецот ги „пумпа“ своите 400 њутнметри веќе при 2.500 вртежи. Во исто време, вртежниот момент се модулира на тој начин што возачот може кротко да вози во град со 50 километри на час, со 1.500 вртежи во петтиот степен. Со варијабилната работа на брегастите вратила, исто како кај претходните генерации, моторот буквално се ослободува од сите спреги при 4.000 вртежи, што е придружено со соодветно борбено рикање. Според фабрика, просечната потрошувачка изнесува 7,3 литри. За информација.

Копче +R за специјални тркачки ефекти

Менувачот со менувачки одови од само 40 милиметри е специјално модифициран за Civic Type R. Степените се прикажуваат над големиот и аналоген бројач на вртежи, заедно со податокот за брзината. Спортските седишта се поставени пониско за два сантиметри од стандардниот модел. Сите спортски модели што држат до себе, денес не смеат да се откажат од копче со чие што притискање се менува нешто драстично со возилото. Во Honda тоа копче е +R. Ова копче од левата странана воланот го подготвува Civic за тркачка патека, истовремено менувајќи ја бојата на осветлувањето на кокпитот во црвена. По притискањето, управувањето реагира екстремно директно, моторот реагира поостро, а приспособливите амортизери скрутуваат за 30 проценти. Како што луѓето во Honda сакаа да нагласат пред премиерата, Type R се снаоѓа сосема пристојно и како семеен автомобил, со багажникот со зафатнина од 490 литри.

honda civic type r 720150605Диференцијалот со механичка блокада со коси запци овозможува Civic верно да ја следи линијата, на гуми што специјално се изработени од Continental. На патниот компјутер се прикажуваат неколку вредни подаоци, на пример страничната сила, притисокот во сопирачките и положбата на педалот за гас, како и притисокот на натполнење. Во кокпитот се наоѓа и штоперица за време на извозен круг, за забрзување до сто и за четвртина милја.

Ако остане нешто покрај цената од 34.000 евра, може да се доплати за пакет GT вреден 2.500 евра. Во него се вклучени системи за навигација, неколку опции за радиото, автоматика за долго светло и црвено осветлување на ентериерот. Топ-верзијата се препознава по малата црвена лента во предниот сплитер.

Во Honda се убедени дека сензационалниот сооднос меѓу цената и коњските сили ќе ги задоволи фановите на марката и моделот, но во исто време ќе привлече и нови фанови.

Технички податоци

Honda Civic Type R
  • Должина x Ширина x Висина (m): 4,39 x 1,88 x 1,47
  • Мотор: 4 цилиндри, турбо, 1996 ccm
  • Моќност: 228 kW / 310 КС bei 6.500 врт./min
  • Вртежен момент: 400 Nm при 2500 – 4500 врт./min
  • Крајна брзина: 270 km/h
  • Забрзување 0 до 100 km/h: 5,7 s.
  • Просечна потрошувачка: 7,3 L
  • CO2: 170 g/km (Euro 6b)
  • Празно возило: 1382 kg
  • Багажник: 490 – 1214 Liter
  • Круг на вртење: 12,6 m
  • Гуми: 235/35 R19
  • Цена околу 34 000 евра

Претходна објаваНовиот Audi A4 полека ја симнува маската пред премиерата во септември
Следна објаваЏереми Кларксон се враќа како гостински водител во Top Gear?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here