Канаѓанец казнет поради користење компјутерски часовник во возење

Возач од Канада ќе плати казна во висина од 90 евра, затоа што го користел компјутерскиот часовник додека го возел автомобилот. Тоа е прв историски случај на казна поради Apple Watch.

Полицијата му напишала казна на канадски возач, затоа што го користел својот Apple Watch за време на возењето автомобил. Тој ќе мора да плати казна од 120 канадски долари или околу 90 евра. Ова е првпат во историјата возач на автомобил да добие казна поради користење на часовникот на Apple.

Според важечките сообраќајни правила во Квебек, забрането е во возењето да се користи „рачен уред со телефонска функција“. Возачот реагирал пред полицијата поради тоа што не користел паметен телефон, туку Apple Watch, којшто не е рачен уред, туку е часовник. Канадскиот возач планира да поднесе жалба против изречената казна.

Претходна објаваPorsche Carrera GT против 918 Spyder: Без респект на годините
Следна објаваОва се најпродаваните модели во светот во март

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here