Михаел Шумахер заздравува – потврди менаџерката

Сабине Кем во интервју изјави дека состојбата на седумкратниот шампион во формула 1 се подобрува.

Михаел Шумахер здоби сериозни повреди на главата при скијање на француските алпи пред 17 месеци. Од напуштањето на Универзитетската клиника во Лозана и упатувањето на домашна нега во домот во Швајцарија немаше никакви информации за состојбата на шампионот рекордер во формула 1. Менаџерката Сабине Кем во интервју изјави: „Со задоволство можам да потврдам дека тој напредува, а тоа го кажувам особено имајќи ја на ум сериозноста на неговите повреди на главата.“ Кем во интервјуто укажа и на тоа дека заздравувањето на 46-годишниот Германец ќе трае уште долго.

Шумахер здоби сериозни повреди на черепот и мозокот при падот на 29-ти декември 2013 во Мерибел, поради што повеќе месеци се наоѓаше во вештачка кома. Од минатиот септември, Германецот заздравува во неговиот дом во швајцарскиот Гланд.

Претходна објаваЛуксузниот теренец Audi Q8 пристига во 2019 година
Следна објаваГлавниот инженер на Opel Astra депортиран во Азија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here