Двестотини стари батерии од хибридните автомобили на Toyota, во комбинција со соларни колектори ги снабдуваат со струја објектите во националниот парк Јелоустоун во САД.
Во камп во рамките на националниот парк Јеоустоун во САД почна да работи систем за снабдување со електрична енергија којашто се добива од искористени батериски модули од хибридната верзија на Toyota Camry, во комбинација со соларни панели. За првпат од отворањето во 1907 година, кампот „Ламар Бафало“ се снабдува со струја од обновливи извори без каква било емисија на штетни материи.

Струјата што се произведува во фотоволтаичките соларни колектори се акумулира во 208 батериски единици со никел-метал-хидридна технологија од Toyota Camry Hybrid, коишто се испорачани од дилерите на марката во САД. Со произведената енергија може цела година да се снабдуваат со струја шест просечни американски домаќинства, односно без какви било потешкотии да се испорачува струјата потребна за петте објекти во „Ламар Бафало“. Батериите располагаат со капацитет од 85 киловатчасови. Во следната година ќе се приклучат и хидротурбини, коишто ќе ја искористуваат пареата од топлите води во Јелоустоун.
Батериите се користат двапати: Еднаш во автомобилите, потоа за стационарно снабдување
Со текот на годините, акумулацискиот капацитет на батериите се намалува и станува недоволен за примена во автомобилите, но затоа е сосема доволен за стационарно користење. На овој начин, експлоатацискиот век на батериите се зголемува двојно, со користење прво во хибридните автомобили на Toyota и потоа во стационарните системи за снабдување со струја. Toyota уште од 2010 година соработува со националниот парк Јелоустоун, вклучувајќи меѓу другото и покривање на возниот парк.
















