Сопствениците на Opel Adam мораат принудно да ги посетат сервисите на марката. Бандажите на малечкиот Opel можат да пукнат со текот на времето. Производителот бесплатно ќе ги замени бандажите.
Примероците на Opel Adam произведени во периодот меѓу 2012 и 2014 година и фабрички опремени со алуминиумски бандажи од 18 инчи имаат проблеми со безбедноста на бандажите. Според производителот, во бандажите може со текот на времето да се појават пукнатини и истите да пукнат во текот на возењето. Opel бесплатно ќе ги замени бандажите, сопствениците ќе мораат два и пол часови да паузираат од своето возило. Производителот уште нема потврдено дали и останатите модели што од фабрика се испорачани со алуминиумски бандажи имаат проблеми со безбедноста на истите.
















