Shelby ќе произведе само 50 примероци од овој монструмски камионет со име Baja 700. Ознаката се однесува на бројот на коњски сили. Со тоа следуваат специјално подвозје, ладење и гуми.
Легендарната тјунерска работилница Shelby денес го претстави најсилниот пикап во својата историја. Новиот Shelby Baja 700 е изработен врз основа на Ford SVR Raptor од претходната генерација и располага со 700 „компресорски“ коњски сили, стегнато подвозје и специјални гуми BF Goodrich K02, коишто се веќе испробани и докажани во екстремните услови во Баха. Во фабриката на Shelby во Лас Вегас ќе се произведат само 50 примероци од овој камионет.

Со дополнителна моќ што доаѓа од 2,9-литарскиот механички компресор Whipple, монтиран на 6.2-литарскиот мотор V8 и во комбинација со поголеми инјектори и издув Borla, овој Shelby Baja 700 извлекува речиси 300 КС повеќе од стандардниот Ford SVR Raptor, односно 125 КС повеќе од тјунираниот Shelby Raptor.
[quote_box_left]Педесет среќници ќе го имаат најбесниот, најбрзиот и најзгоден камионет од Shelby. Заедно со механиката што е подготвена за најекстремни услови на возење доаѓа преработен ентериер со печат на американската тркачка легенда.[/quote_box_left]
Идните сопственици на Baja Raptor ќе можат да доплатат за преден и заден браник во стил на „Rogue Racing“, со коишто овој ултимативен пикап постигнува уште повпечатлива појава. Примерок од серијата чини 45.000 американски долари – само за преправката.
















