Американската фирма Lyons Motor Car ја брани честа на нацијата и на Bugatti, McLaren и компанија им се спротивставува со LM2 Streamliner со карбонска каросерија и 1.700 коњски сили. Премиерата е на салонот во Њујорк.
Последниот предизвик за суперспортските автомобили доаѓа од Њујорк. Конструкторот Кевин Лајонс го разви LM2 Streamliner, со намера да ги помести границите на автомобилскиот свет. Лајонс знае добро што зборува, тој во последните три децении има изработено безброј прототипи за големите производители на автомобили. Lyons LM2 Streamliner ќе биде прикажан како прототип на салонот во Њујорк. Каросеријата со должина од 4,64 метри, ширина 2,12 метри и висина од само 1,1 метар е изработена од карбон, додека челик е користен самоза помошните рамки за погонот и водењето на тркалата. На тој начин, тежината на овој суперавтомобил изнесува само 1.400 килограми.
[quote_box_left]Предизвикот на Lyons LM2 Streamliner гласи: Моќност од 1.700 КС, забрзување до сто за 2,2 секунди и крајна брзина од 470 km/h[/quote_box_left]
За погонот се грижи 8,2-литарски V8 со два турбополнача и моќност од 1.700 КС при 9.000 вртежи. Подеднакво импресивно изгледа и вртежниот момент, со „шлеперски“ 2.183 њутнметри. Вртежниот момент се пренесува на сите тркала преку седумстепен секвенцијален менувач, спојка „халдекс“ и диференцијали со механичка блокада. Спринтот до 60 mph (96 km/h) трае 2,2 секунди, крајната брзина се проценува на 470 километри на час. Заради „штедење“ гориво, LM2 Stremliner може привремено да се откаже од половина од цилиндрите.
Врската со асфалтот се остварува преку ковани бандажи од 20 инчи, со гуми 265/30, додека назад има бандажи од 21 инч, со гуми 355/25. Сопирачките дискови се изработени од карбон и керамика, „гризани“ се од осумклипни сопирачки клешти напред и шестклипни клешти назад и , производ се на Brembo. За амортизацијата може да се избираат два модуса, комфорен и спортски.
Мрежа место кабли за пренесување на податоците
Електрониката е присутна во голема мера во суперавтомобилот Lyons. Предните диодни светла се управуваат електронски, исто како и сите дотерувања од страна на возачот, коишто преку мобилна апликација се вчитуваат уште додека возачот се приближува до возилото. До сите функции на возилото се пристапува преку екран од 16 инчи, без вишок прекинувачи и копчиња, а ретровизорите се заменети со камери. Класично поврзување со кабли не постои до овие уреди во кокпитот, податоците се пренесуваат преку мрежата во возилото.
https://youtu.be/WsVBNo9pe7w
















