Volkswagen ќе го претстави новиот Transporter на 15-ти април

Шестата генерација на Transporter ќе го следи дизајнот на студијата Tristar од ланскиот салон во Хановер

За околу четири недели Volkswagen премиерно ќе ја прикаже новата генерација на Transporter. Најава има и за стартот на новиот Crafter, којшто ќе биде претставен на салонот во Хановер во 2016 година.

Марката комерцијални возила на Volkswagen ги објави датумите за премиерите на наследниците на своите најголеми модели Transporter и Crafter. Според најавите, поголемиот Crafter, когошто Volkswagen досега го произведуваше во Daimler, заедно со технички блискиот Mercedes Sprinter, од следната есен ќе стартува со производство во новата фабрика во Полска, во близина на Позен. Моделот ќе биде претставен премиерно на салонот за товарни возила во Хановер, којшто ќе се одржува од 22-ри до 29-ти септември годинава.

Volkswagen Комерцијални возила денес ги објави датумите на премиерите на Transporter T6 и Crafter. На сликата: Првата генерација на Bulli и студијата Tristar, покрај раководството на VWN
Volkswagen Комерцијални возила денес ги објави датумите на премиерите на Transporter T6 и Crafter. На сликата: Првата генерација на Bulli и студијата Tristar, покрај раководството на VWN

Нарачките за наследникот на Transporter ќе стартуваат на 20-ти април. Шестата генерација на моделот што ги влече корените од легендарниот Bulli, ќе има премиера на 15-ти април во Амстердам. Првата верзија се произведе пред 65 години во Волфсбург и подоцна прерасна во знак на препознавање на хипи-движењето. Актуелните модели T5 и Crafter лани имаа најголем пораст во продажбата на марката комерцијални возила на Volkswagen. Првиот се продаде во 168.000 примероци (+8%), поголемиот во 49.200 примероци (+12%). Caddy забележа пораст од два проценти, со 148.900 примероци.

Моментно најголема грижа на марката е пикапот Amarok, чијашто продажба лани се намали за 12 проценти, на 78.100 возила. Исто како и повеќето други производители, комерцијалните возила на Volkswagen имаат проблеми поради намалената продажба на пазарот во Јужна Америка. Лани марката Volkswagen Nutzfahrzeuge продаде вкупно 445.000 возила, при промет од 9,6 милијарди евра и рекордна заработка од 504 милиони евра.

Претходна објаваКриза во Opel: Марката се повлекува од Русија
Следна објаваLaFerrari мора во сервис: Проблеми со резервоарот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here