YouTube отсега подржува видеа во 360 степени

Од денес на YouTube може да се качуваат видеа снимени со камери во 360 степени, коишто во Chrome се прегледуваат со движење со маусот, односно на Android со движење на мобилниот или таблетот.

Според соопштението на креаторскиот блог на претпријатието, на видеопорталот може да се качуваат претходно подготвени видеа во 360 степени од разни камери. Овие панорамски видеа можат потоа да се прегледуваат во плејерот за YouTube со Chrome или во апликација за Android. Додека видеата на десктоп се прегледуваат со маус или тастатура, слично како со панорамите Photo-Sphere на Google или Street View, кај Android е доволно уредот само да се движи соодветно во просторот, што се должи на вградените сензори за движење во паметните телефони и таблетите. Соодветната апликација за iPhone и iPad следи наскоро.

Порталот моментно подржува снимки од камерите Giroptic 360cam, IC Real Tech Allie, Kodak SP360 и Ricoh Theta. Максималната дозволена резолуција е 4K. Пред видеото да се качи, моментно мора да се обработи со скрипта Python (метадата за видеа во 360 степени), којашто ги вметнува метаподатоците во видеоконтејнерот според RFC за сферични видеа. Единствено во тој случај функционира панорамскиот преглед во плејерот за YouTube. За скриптата да се изведе под Windows, прво мора да се инсталира Python – којшто обично веќе постои кај OS X и Linux. Останатите детали може да се погледнат на страниците за помош на порталот. YouTube моментно работи на процес што автоматски ќе ги препознава видеата во 360 степени при качувањето.

Овие видеа се одлична содржина за очилата за виртуелна реалност, коишто го поставуваат гледачот во центарот на случувањата.

Претходна објаваFord Mustang предизвика интернет стампедо: Половина милион конфигурации
Следна објаваСтартуваше производството на новата Škoda Superb

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here