Женева 2015: Edag Light Cocoon има „платнена“ каросерија

Специјалистот за автомобилски инженеринг од германскиот Визбаден го претстави своето 16-то концептно возило на салонот во Женева. Каросеријата на компактниот спортски автомобил Edag Light Cocoon е изработена од водоотпорен текстил што обично се користи за спортска облека. Затоа и не изненадува што партнер на Edag во овој концептен автомобил е производителот на спортска облека Jack Wolfskin. Структурата на Light Cocoon се состои од особено лесни материјали коишто ја обезбедуваат цврстината на каросеријата. За посебен ефект, под платното се вградени диодни светилки што ја менуваат бојата и соодветно го „осветлуваат“ возилото.

Идејата на германските инженери беше да се конструира автомобилска каросерија што ќе содржи „метал“ само на најоптоварените места, односно да се изработи каросерија по пример на железничките мостови и слични структури. Цврстината и отпорноста на свиткување и торзија на каросеријата е иста како кај нормалните структури, но таа е полесна и поевтина за изработка. Според Edag, оваа идеја ќе наиде на примена прво во ентериерот на автомобилите.

Претходна објаваЖенева 2015: Volkswagen Passat е европски автомобил на годината
Следна објаваЖенева 2015: Toyota Avensis со нов изглед и два нови дизела

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here