Женева 2015: Suzuki најавува нов модел за почетокот на следната година

Suzuki iK-2

Преку концептното возило iK-2 што е прикажано премиерно на салонот во Женева, Suzuki го најавува идниот малечок автомобил, којшто ќе стартува со продажба на европскиот пазар во почетокот на следната година. Засега е само претпоставка дека серискиот модел што ќе произлезе од концептниот автомобил ќе го наследи Swift, но се спомнува и можноста моделот да се позиционира на местото на некогашниот Baleno. Студијата со должина од четири метри се базира на нова платформа и користи исто така нов еднолитарски бензинец со турбонатполнење. Моторот функционира во благ хибриден систем со литиум-јонски батерии, во комбинација со интегриран стартер-генератор и повраток на енергијата при сопирање, заради натамошно намалување на потрошувачката на гориво.

Претходна објаваЖенева 2015: Qashqai од Renault
Следна објаваЖенева 2015: Lotus Evora 400 е најбрзиот модел на Британците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here